ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со ова темпо Македонија ниту во 2022 година ќе нема колективен имунитет

Македонија е далеку од колективниот имунитет. Во време кога веќе се става и трета доза вакцина, многу граѓани сè уште не ја примиле ни првата. Од 17 февруари кога почна процесот на вакцинација, па досега, само 35% од општата популација е имунизирана со две дози.

https://www.youtube.com/watch?v=_0ogbNE_GPk

Министерство за здравство

„38% од целото население во нашата земја е вакцинирано додека 35% од локалното население ги прими двете дози. Преточено во бројки, досега околу 800.000 граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 750.000 со две. Околу 800 граѓани досега ја примиле третата доза.“

Од доминацијата на Делта видот, прагот за постигнување колективен имунитет се смени од 60 на 85% со вклучување на тинејџерите. Пред Делта видот, министерот за здравство Венко Филипче предвиде постигнување колективен имунитет по летните месеци, но тоа не се случи. Потоа Филипче тврдеше и дека до август ќе се вакцинираат најмалку една четвртина од населението.

Моментално, дневната динамика на примање на првата доза обично се движи околу 1.000 лица. Ако истото темпо продолжи, барем до крајот на ноември, процентот би достигнал 37,5. Ако така остане и потоа, тогаш 85% од граѓаните не би биле вакцинирани со две дози ниту во текот на следната година.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button