ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со партиска диоптрија се читаат пораките на европските челници

Со партиска диоптрија се читаат пораките на европските челници

Изјавите на лидерите на ЕУ од Стратешки форум во Блед- Словенија со различно толкување од политичките партии во земјата. Од СДСМ велат дека шефот на Европскиот совет Шарл Мишел потврдил дека ЕУ е подготвена за проширување во согласност со очекувањата на власта во 2030 година. Затоа, тие повикуваат на усвојување на уставните измени.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон покажуваат дека уставните измени не се гаранција за полноправно членство.

Advertisements

Претседателот на Европскиот совет Мишел, вчера порача дека ЕУ треба да се подготви за проширување. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека е опасно да се мисли за проширување додека не се реформира ЕУ.

„Треба да зборуваме за времето. Треба да зборуваме за домашни задачи. Имам сугестија, додека ја подготвуваме следната стратешка ЕУ-агенда, на себе треба да си поставиме јасна цел. Верувам дека треба да бидеме подготвени, од двете страни, до 2030 година за проширување“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

„Опасно е да се мисли дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да докажам дека е доста тешко за Европа да напредува по чувствителни теми со 27 земји-членки. Со 32 или 35 членки, нема да биде полесно“, нагласи Емануел Макрон, претседател на Франција.

Лидерите на ЕУ се сретнаа со шефовите на држави од Западен Балкан и зборуваа за иднината на регионот на Бледскиот стратешки форум во Словенија.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button