ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со следното проширување реално е да станеме членка на ЕУ, смета Маричиќ

Реално е да станеме членка на ЕУ со следното проширување само ако посветено застанеме зад овој државнички проект, но не е возможно да се каже кога точно би било тоа, а на тоа одговор немаат ни државите членки, бидејќи ова е процес кој зависи од исполнувањето и напредокот во реформите на земјите што преговараат за членство, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Значи зависи од нас и од нашата подготвеност да ги спроведеме реформите. الرهانات Новата методологија е токму на тој начин поставена, да бара поголем ангажман од земјите што преговараат за членство, но од друга страна дава можност за брзина и динамика на процесот. Затоа верувам дека со вака јасно поставена цел пред нас и политичка волја и со силен фокус на реформите можеме да одиме со добро темпо напред. شرح بوكر Сметам дека 2030 година како датум е добро поставен и треба да биде мотив кој ќе не води низ процесот и во зададениот рок успешно да го завршиме процесот на преговори и Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ“, вели Маричиќ во интервју за„Локално“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button