
Интересот на граѓаните да се имунизираат против коронавирусот продолжува со бавно темпо. Во текот на последните 24 часа, 1.820 граѓани ја примиле првата доза. Во меѓувреме, 69 лица вчера биле вакцинирани со третата доза. Интересот за третата доза денеска е зголемен кај медицинскиот персонал кој се наоѓа на приоритетната листа.
„Само јас и мојата сопруга не сме вакцинирани, но ќе се вакцинираме бидејќи јас сум во државна служба и дефинитивно морам да се вакцинирам“, рече еден граѓанин.
Минатата недела, Бугарија ни донираше 51.000 вакцини Фајзер& Бионтек, на кои рокот ќе им истече задутре. Поради тоа на сите вакцинални пунктови уште во следниве два дена ќе се става само овој тип вакцина.
Досега, околу 47% од граѓаните постари од 18 години се имунизирани со барем една доза. Според податоците на Министерството за здравство, најмногу вакцинирани со првата доза има во овие градови.
Досега над 721 илјада граѓани се вакцинирани со две дози.
Аднан Ќаили