МАКЕДОНИЈА

Со закани ограбиле пет малолетници на автобуска на Бит-пазар

Три лица со закани им одзеле пари на пет малолетници на автобуска станица на Бит-пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата ги привела С. А. (19) од село Кондово, Скопско, М. И. (22) и Р. Ф. (20) – и двајцата од Скопје.

Advertisements

„Тие се сомничат дека вчера околу 22.25 часот на автобуска постојка на Бит-пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од селото Кучевиште, Скопско. Откако го напуштиле местото пресретнале и други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево“, се вели во полициското соопштение.

Откако случајот ќе биде целосно документиран, со координација од јавен обвинител, против трите лице ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button