ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието преку фејсбук соопшти дека е објавен конкурс за избор на Народен правобранител

Собранието избра друга форма, не преку официјална комуникација со Алсат, туку преку социјалната мрежа Фејсбук да објави дека конкурсот за избор на народен правобранител е веќе објавен и е во тек. Во демантирањето на информациите на Алсат за одолговлекување на постапката, Законодавецот вели дека одлуката за објавување на огласот е донесена на седницата на 26 ноември и огласот е објавен неколку дена подоцна.

Advertisements

Рокот од 15 дена започна да тече од 30 ноември 2020 година и сè уште е активен, што значи дека во никој случај не можеме да зборуваме за непочитување на законот, особено не за ненавремено објавување на конкурсот“, велат од Собранието.

Собранието, повикувајќи на професионалност при информирањето, вели дека нема одложувања и законот е почитуван. Но, законот за народен правобранител вели друго. Вториот мандат на сегашниот народен правобранител, Иџет Мемети, истекува на 24 декември. Останаа само 24 дена од објавувањето на конкурсот до истекот на мандатот. Законот задолжително предвидува Собранието да го објави огласот најмалку три месеци пред истекот на мандатот. Ова значи дека за постапката да биде целосна и законска, огласот требаше да биде објавен барем на 24 септември.

Постапката за избор на народен правобранител и неговите заменици започнува три месеци пред истекот на нивниот мандат. НАЈДОЦНА ТРИ МЕСЕЦИ пред истекот на мандатот на народниот правобранител, Собранието објавува оглас“, пишува во Законот.

На прашањата на Алсат од Собранието не одговорија, иако реакцијата доаѓа врз основа на пофалбата со транспарентност. Алсат официјално упати прашања до Собранието на 3 декември, три дена пред објавувањето на веста за доцнењето на огласот за избор на народен правобранител. Службите беа и официјално известени за прашањата, но наместо одговор,службата за односи со медиуми реши да молчи.

Алсат со месеци не доби одговори на многу од прашањата официјално упатени до Собранието. Освен народниот правобранител, за овој период од неколку месеци побаравме појаснувања за постапката за формирање на некои билатерални групи на пратеници и делегации на Собранието во некои меѓународни организации и формирањето на Националниот совет за европска интеграција. За ниту едно не добивме одговор.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button