Собранието заглавено, албанската опозиција трупа амандмани, ВМРО бара предвремени избори

Албанската опозиција е подготвена да го удвои бројот на амандмани за блокирање на Собранието. Сепак, Алијанса за Албанците и Алтернатива нудат решение за блокадата. Доколку има договор за заеднички закон за државјанство, тие ќе ги повлечат амандманите. На седницата што беше закажана за денеска, а која не се одржа поради немање кворум, албанската опозиција планираше да предложи најмалку 15 илјади дополнителни амандмани.
„Не гледам причина зошто да не се најде решение во Собранието. Местото на сите предлог-закони е во Собранието, дебати, амандмани, мислења, разгледувања, вклучително и законот за државјанство. Повелете да седнеме и да најдеме заедничко решение. Мислам дека можеме да го решиме доколку постои подготвеност. Доколку нема подготвеност, лидерските средби ќе донесат сосема различни мерки кои нема да останат само во законот за државјанство, туку сосема различни мерки.“
Македонската опозиција решението го гледа на предвремени парламентарни избори.
Мнозинството не прифаќаат нови избори. Бара дијалог во Собранието.
Претседателот на Собранието нема да свика нова пленарна седница сè додека не оздрават двајцата пратеници од мнозинството кои се во изолација поради Ковид-19. Петтиот пакет економски мерки, нацрт-законот за прекршоци и десетици други предлог-законски решенија се блокирани во постапката.
Adrian Kerimi