ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид се спрема за ново уривање дивоградби

Поранешни концесионери со плажи во Охрид бараат внимателност од страна на општината и државата при решавање на прашањето за идниот статус на крајбрежјето. Ова доаѓа откако локалните власти најавија дека по неколкумесечен застој, акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти ќе продолжи во април. Тендерот за избор на фирма е завршен. Останува уште процесот на евалуација на понудите.

„…Сè што влегува во езерото да се отстрани и да функционираат само летни шанкови. Заврши сезоната – се затвораат“, рече Илија Џепароски-поранешен концесионер на плажа.

За сегашната ситуација до некаде се криви и концесионерите, признава Џепароски.

„Ние имаме концесија на плажа, закуп на државно земјиште. Државно земјиште, песочна површина на која треба да се изградат само летни шанкови. Немавме дозволи за мегаломански ресторани, дискотеки и сали за свадби правење. Тоа треба да заврши“, додава Џапароски.

Градоначалникот Ѓеорѓиески вели дека ќе постапуваат согласно препораките на УНЕСКО.

„…Први ќе се отстрануваат плажите кои се на катастарска парцела еден, затоа што во планот за управување со Охридското езеро, таму не е дозволено да има градби од траен или времен карактер“, изјави Ѓорѓиески.

Ѓеорѓиески најавува дека плажите во Охрид ќе бидат со поинаков изглед од досега и оти ќе мора да се отстрани сè што е во вода. Во Струга засега нема најави дали нешто ќе се менува во однос на концесиите на плажи. Актуелно тамошните плажи со години работат без концесии. Од Владата лани летото побараа враќање на целото крајбрежје во првобитна состојба. Во Охрид некои објекти без урнати, но општина Струга ја обжали одлуката пред Уставен суд, кој донесе времена забрана за нејзина примена.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button