ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници

Во Собранието за денеска закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на оваа комисија на 67-та седница треба да ги разгледаат финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, ревидирана од овластен ревизор. На дневен ред се и два годишни извештаи на оваа агенција, за нејзината работа во 2022 и за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2022 година.

Како што е објавено на собраниската веб-страница, единствена точка на дневниот ред на 45-та седница е Предлог на закон за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка. Материјалот, како што се наведува, е повлечен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button