ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците се враќаат на настава

Учениците се враќаат на настава

За над 200 илјади основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024.

Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение и поради тоа се изработуваат нови учебници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера соопшти дека доцнење ќе има само на учебниците за  шесто одделение кои се во фаза на одобрување и очекува да бидат испорачани во текот на септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button