МАКЕДОНИЈА

Собраниската седница за гласање доверба на Владата сѐ уште на пауза

Собраниската седница за гласање на доверба на Владата се уште не продолжува иако помина повеќе од еден час од дадената пауза.

Advertisements

Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели даде пауза по барање на Апасиев, кој повикувајќи се на член на Деловникот, побара претседателот на Собранието Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата, бидејќи не е спречен за тоа.

На претходното продолжение при пребројувањето на гласовите беше констатирано дека во салата има 60 пратеници, откако претседателот на Собранието Талат Џафери излезе од салата, а во неа не беа ниту пратениците од СДСМ и ДУИ.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не обезбеди мнозинство откако пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не се појави во Собранието и на Фејсбук објави дека нема да присуствува на седницата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button