МАКЕДОНИЈА

Сојузот на синдикати на УКИМ: Не сме задоволни од решенијата во Колективниот договор за високо образование

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е незадоволен од предложените решенија во Колективниот договор за високо образование кој треба да биде потпишан помеѓу СОНК и Владата. Во соопштение оценува дека најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование.

-СОНК во суштина не е мнозински синдикат на вработените во високото образование. Својата правна репрезентативност СОНК ја оправдува со своето членство од основното и средното образование. Значителен број на одредби од Колективниот договор не се во согласност со Законот за високото образование и со високообразовната и научноистражувачката дејност. Најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и ни оддалеку нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование. Платите во високото образование со години останаа непроменети, додека платите во другите дејности, како и минималната и просечната плата во Република Северна Македонија, постојано се покачуваа. Стандардот на вработените во високото образование драматично се намали, а платите во овој сектор се убедливо најниски во Европа, соопштуваат од синдикатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button