ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сојузот на средношколци предлага законски измени што ќе овозможат бесплатен превоз без ограничувања

Сојузот на средношколци предлага законски измени што ќе овозможат бесплатен превоз без ограничувања

Сојузот на средношколци го објави нивниот предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, со што ќе се овозможи праведен јавен превоз за сите средношколци, бидејќи бесплатен превоз според сегашната регулатива не му следува секому.

Целта на Предлог-законот е да се елиминира дискриминацијата врз основа на типот на училиштето, зашто право на бесплатен превоз сега имаат само ученици од државните, а не и од приватните училишта. Средношколскиот сојуз преку овој предлог бара да се укине и критериумот најмалку два и пол километри растојание од домот до училиштето за да се оствари правото на бесплатен превоз.

– Честопати училиштата организираат проектни активности далеку од училиштето. Ученикот може да живее непосредно до училиштето, а би бил спречен да учествува на проектните активности бидејќи нема право на бесплатен превоз поради локацијата на неговото живеалиште, се наведува во образложението на Предлогот.

Исто така, се бара и бесплатен превоз средношколците да имаат во текот на целата календарска година, а не само во деветте месеци од учебната година, бидејќи со ограничувањата во постојниот закон намалена е нивната мобилност и други активности за време на распустот.

– Средношколците се образуваат и за време на распустите. Тие посетуваат курсеви, одат на пракса, организираат проекти, волонтираат во Црвениот крст или граѓански организации, посетуваат културни установи… Средношколците би добиле бесплатен превоз до домашните туристички места и атракции со што ќе се зголеми и развие економијата на овие места, се додава во предлогот, во кој е наведено дека лани во мај на изборите за претседател на Сојузот на средношколци победила изборната програма чијашто трета точка предвидуваше средношколците да бараат целосно бесплатен градски и меѓуградски превоз./MIA

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button