ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Соларната централа во Тец Осломеј ветена за лани, се уште ја нема

ната централа во Тец Осломеј ветена за лани, се уште ја немаВетената соларна централа во ТЕЦ Осломеј сеуште ја нема. На стартот на претходната година власта не само што вети изградба на централата најдоцна до есента 2020 година туку и дека истата ќе започне со производство на струја кое ќе треба да ги задоволи потребите на 20 илјади семејства.

Advertisements

„Работите се во тек и во текот на втората половина на оваа година оваа соларна централа ќе го започне производството на струја кое ќе ги задоволи потребите за 20 илјади семејства. Новата соларна централа која што ја најавуваме денеска ќе биде изградена на простор на некогашниот рудник за јаглен на ТЕЦ Осломеј и ќе испорачува електрична енергија за 20 илјади семејства. “

Од Електрани на Македонија сега велат дека изградбата ќе биде завршена во април годинава, а  причина за доцнење била кризата со пандемијата која наметнала рестриктивни мерки .

ЕСМ

„И покрај наведеното, 70% од опремата е пристигната на локација, а се финализира документацијата за остатокот. Изградбата на електраната е предвидено да заврши во април 2021г, но динамичкиот план константно се прилагодува во однос на пандемиските услови.

Власта покрај оваа ветуваше изградба и на втора соларна централа на истата локација. Но за оваа сеуште  не е изготвена физибилити студија за да може да се објави јавен повик. Изградбата на двете соларни централи е јавно – приватно партнерство и проценката е дека ќе чини 80 милиони евра.  Договорот е склучен во траење од 35 години – период во кој приватниот партнер ќе треба да и исплаќа на ЕСМ 10 осто од продадената струја, и да превземе 100 вработени от РЕК Осломеј.

Andrea Cobanova

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button