СПОРТФУДБАЛ

Солскјер бара нови засилувања, еден од нив е член на Ман. Јунајтед

Оле Гунар Солскјер со успех ја започна кариерата во Бешикташ, но за поголеми успеси потребни му се засилувања. Едно од нив се очекува да пристигне од неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Станува збор за преискусниот Бразилец, во последно време заборавен, Каземиро кој воопшто не е дел од плановите на Рубен Аморим и во 2025 година не доби ниту една минута на теренот.

Каземиро се пресели во Манчестер Јунатед во 2022 година од редовите на Реал Мадрид, но не успеа да се прослави на „Олд Трафорд“. Бразилецот не ја пренесе фантастичната форма во Англија па сега е блиску до заминување. Бешикташ веќе го направил првиот чекор кон трансфер, а со оглед на околностите голема е веројатноста дека Каземиро наскоро ќе го облече „црно-белиот“ дрес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button