ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сончево и топло, температурите до 28 степени
Претежно сончево и топло. Ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето во земјава денеска. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 2 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 20 до 28 степени.
Температури до 28 степени се очекуваат и во Скопскиот Регион, со претежно сончево, топло и тивко време.
Слично време УХМР најавува и за утре, со мала до умерена локална облачност и ветер кој ќе дува од јужен правец.