ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СОНК и Владата средбата ја завршија без конкретен епилог

СОНК и Владата средбата ја завршија без конкретен епилог

СОНК и Владата ја завршија без конкретен епилог првата средбата со медијаторите Претставникот на СОНК, Зенафер Бајмак рече дека страните се договориле да не откриваат детали од средбата за да не се нарушат преговорите. Од СОНК се оптимисти дека ќе се најде решение и дека ќе се зголемат платите на наставниците. На денешната средба не било разговарано дали учебната година ќе продолжи и по 10 јуни, но според СОНК доколку законот предвидува такво нешто треба да се почитува.

„Постојано сме оптимисти и се надеваме дека ќе најдеме решенија кои ќе бидат во интерес на целото општество. Секако дека ќе имаме следна средба и истата е закажана за петок. МОН има еден ден да се консултира со Министерството за финансии, да направи пресметка, да не извести во петок и да продолжиме понатаму. Дали се зборуваше за продолжување на наставата по 10 јуни? Не во моментов. Тоа што ќе се одлучи со закон ќе го почитуваме. Засега да не шпекулираме дали ќе има или колку ќе има. Додека немаме официјален документ нема да кажеме ништо во соопштението, тоа не е коректно“, изјави Зенафер Бајмак, СОНК./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button