МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка на патот Градско-Велес, има повредени

Две лица се повредени во сообраќајната незгода што рано утринава се случи на патниот правец Градско – Велес.

Во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1 на делницата Стоби – Неготино се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „МАН“ со приклучно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(28) од Богданци и товарно возило „МАН“ со приклучно возило – цистерна со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т. (51) од Кавадарци.

Во незгодата, информираа од МВР, со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.

Поради сообраќајната незгода, патниот правец беше во прекин од 04:40 до 06:45 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button