МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, соопшти Автомото сојузот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се посочува, е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button