ВЕСТИСВЕТ

Состојбата со лавата која излегува од пукнатините во градот Гриндавик се смирува

Од ерупцијата на вулканот во рибарскиот град Гриндавик, во југозападен Исланд, се формирале две пукнатини од кои излегувала лава и од која биле зафатени најмалку три куќи кои изгореле.

Првата пукнатина била на околу 450 метри од градот. Заштитните бариери од земја и карпи ја турнале лавата од првата пукнатина подалеку од градот. Втора пукнатина потоа се отворила околу пладне на крајот од градот и била со димензии од околу 100 метри.

Геофизичарот Магнус Туми Гудмундсон за исландската национална телевизија РУВ (RÚV) изјави дека лавата која излегувала од јужната пукнатина, која била најблиску до рибарскиот град Гриндавик, од синоќа е со намален интензитет, пренесува Гардијан.

„Понатаму, ерупцијата стивна на друго место во другата, поголема пукнатина, така што значително се намали“, рече геофизичарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button