Климатски ПромениМАКЕДОНИЈА

Социо – еколошки форум: З.Балкан треба да се приклучи во борбата против климатските промени

Заложба на Владата е да се постават енергетските политики на стабилни, долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија што ќе овозможи раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места. Ова го рече премиерот Зоран Заев на првиот Социо – еколошки форум во Скопје.

„Ние сме земја на сонцето. Тоа сите го знаат. За жал, во минатото тоа не било искористено соодветно, меѓутоа сега, во последните четири години во фаза на градба се огромен број на капацитети. Како што реков, со премиумите реализираме проекти вредни 30 милиони евра. Фотонапонски централи, вкупно 62 мегавата. Во Осломеј на местото на стариот јагленокоп, реализираме 110 мегавати фотоволтаици, 10 мегавати сами како држава и двапати по 50 мегавати по пат на приватно – јавно партнерство, вкупната вредност е 67 милиони евра“, рече Зоран Заев, премиер.

Косовскиот премиер, Албин Курти рече дека борбата со климатските промени е важна за нас и за идните генерации, но и за опстанокот на планетата Земја. Тој наведе дека мора драстично да се намали загадувањето. Косово моментално струјата ја обезбедува од јаглен, со ограничени извори на ветер и хидроенергија.

„Во овој случај ќе мора да направиме двојна транзиција. Оваа недела тукушто направивме и завршивме шест месеци од Владата и поради тоа, сè уште спроведуваеме физибилити студија за тоа како да преминеме напред на најдобар начин за самите нас и за регионот“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

На форумот се дискутираше за чиста и зелена иднина на Западен Балкан. За ова разменија мислења и искуства регионални и европски политички лидери, како и невладини организации. Дискутантите се согласни дека брзо да се дејствува по однос на климатските промени.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button