ВЕСТИРЕГИОН

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица

Непроменети се актуелните мерки и предуслови за влез во Грција, кои меѓу другото, важат и за државјаните на Северна Македонија, а продолжени се до следниот петок, јави дописничката на МИА од Атина.

Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест,како и пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување кај јужниот сосед, додека пак за оние кои не се вакцинирани или не прележале и патуваат со негативен тест, а доаѓаат од 16 конкретни земји меѓу кои и Северна Македонија, задолжително ќе бидат тестирани на влезните точки.

Согласно новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“ што веќе објавена во Службен весник на Грција и стапи во сила во 6 часот утрово, сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ исто како и во изминатите четири месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување кај јужниот сосед.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button