ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата прифаќа формирање Анкетна комисија за трагедијата во Тетово, но по завршување на истрагата

Премиерот Зоран Заев го минира и вториот обид на опозицијата за Анкетна комисија во Собранието за трагедијата од 8 септември во модуларната болница во Тетово. Заев вели дека парламентарното мнозинство е заинтересирано за комисија во парламентарните рамки, но дури откако ќе заврши истрагата.

Опозицијата ја обвини владата дека со одбивање да се формира Анкетна комисија се обидува да се заборави трагедијата во Тетово кога изгореа 14 лица. ВМРО ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да спроведе истрага без политичко влијание.

По одбивање на првото барање поради непочитување на уставното име, опозицијата вчера најави дека ќе поднесе нова иницијатива за Анкетна комисија со почитување на новото име на државава. Партијата на Христијан Мицкоски најави доставување на барањето до Собранието, иако од понеделник нема да има пленарни седници поради почетокот на изборната кампања за локалните избори.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button