СВЕТ

Советот за безбедност на ОН не ja усвои резолуцијата за итен прекин на огнот во Газа: Кина и Русија ставија вето

Советот за безбедност на ОН не ja усвои резолуцијата за итен прекин на огнот во Газа: Кина и Русија ставија вето

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа, објави „Гардијан“.

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД, со која се бара итно и трајно примирје во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се дозволи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиона гладни луѓе.

Како што јавува „Асошиетед прес“ (АП), во 15-члениот Совет за безбедност 11 членагласале „за“, тројца „против“ и еден бил воздржан.

Пред гласањето рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, рече дека Москва поддржува итен прекин на огнот, но го доведе во прашање јазикот на резолуцијата и ги обвини американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и американската амбасадорка, Линда Томас-Гринфилд, за заблуда на меѓународната заедница поради политизирани причини, според АП.

Шпанија, Ирска, Малта и Словенија се согласија да работат на признавање на палестинската држава. Како што пренесува „Ројтерс“, Шпанија се договорила со лидерите на Ирска, Малта и Словенија да ги направат првите чекори за признавање на палестинската држава, изјави во петокот шпанскиот премиер

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button