ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Контејнерите во Скопје се преполни, а ѓубрето расфрлано по улици и тротоари

Контејнерите во Скопје се преполни, а ѓубрето расфрлано по улици и тротоари

Во некои делови на Скопје, контејнерите се речиси преполни со отпад. Ова предизвика истурање на ѓубрето, блокирање на патиштата и тротоарите за пешаците. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме за Алсат велат дека оваа слика веќе станала вообичаена во Скопје.

Покрај купиштата ѓубре, граѓаните се жалат дека и мирисот е неподнослив. Тие ги потсетуваат надлежните дека контејнерите треба да се чистат со вода и да се дезинфицираат.

Седат Рамадани, поранешен вработен во Комунална хигиена – Скопје, рече дека ситуацијата создадена со отпадот е резултат на малиот број на работници за чистење.

„Не ја вршат работата како што треба, јас таму работев 20 години. Оди работи два-три часа и потоа си оди дома. Немаме доволно работници, требаат повеќе работници. Сега нема работници на метли, ние работевме навечер”, рече Седат Рамадани, поранешен вработен во комунална хигиена.

Од Комунална хигиена не успеавме да добиеме одговори за ситуацијата создадена со отпадот и покрај нашите обиди./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button