ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Управниот суд поништи три одлуки на Владата

Управниот суд поништи три одлуки на Владата

Управниот суд укина владините одлуки со кои беа поништени три решенија на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски зашто немале потпис и од дополнителниот заменик министер. Судот оцени дека Владата ги пречекорила своите овластувања како извршен орган оценувајќи ја законитоста на одлуките без да има право на тоа.

„Владата е ослободена во оцената на уставноста иако беше должна да се обрати до партиите за ова спорно прашање да бара решение во ДИК, која во рок од 24 часа требаше да донесе законска одлука и да го извести министерството. ДИК е единствениот надлежен орган кој може да оцени дали актите спаѓаат во групата акти кои мора да ги одобри и дополнителниот заменик министер“, рече Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Две од одлуките се однесуваат на формирање на комисии за внатрешна контрола во МВР, додека една одлука се однесува на телеграма за отворање интерен конкурс во полицијата за пополнување на испразнетите места.

„Одлуката на Управниот суд потврдува дека актите што ги донесов се во согласност со Законот за Влада“, додаде Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Минатата недела Владата ги отфрли одлуките на Тошковски. Тој ги оцени постапките како срамни и скандалозни. Во решенијата на Управата не е опфатено отфрлањето од страна на Владата на предлогот на Тошковски за началник на Секторот за внатрешни работи во Тетово./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button