ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Ако се покаже дека има елементи ќе бидат поднесени кривични пријави за сите кои придонесоа главниот град да се дави во ѓубре

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека го чека записникот од надлежните инспектори кои на терен ја контролирале состојбата со преполните контејнери и со, како што вели еколошката катастрофа која го загрозува здравјето и животот на граѓаните, и најавува дека доколку се утврдат елементи за кривично дело ќе бидат поднесени пријави.

„Мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од инспекторатот за заштита на животна средина, комуналниот инспекторат и инспекторите од Град Скопје, да ги видиме нивните наоди во целата оваа состојба и во постојана координација сме со обвинителот, а доколку се утврдат елементи на кривично дело за сите сторители кои придонесоа за главниот град да се дави во смет можно е да бидат поднесени кривични пријави согласно со доказите кои ќе бидат прибрани“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button