ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Најдобро е Заев да остане и во владата и во партијата

Владиниот кабинет функционира со истиот капацитет како претходно и тоа мора да биде така, во интерес на граѓаните. Овие турбуленции се нормални во демократскиот свет и мора да се бараат решенија, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Утрински брифинг“.

Во пресрет на утрешната седница на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Спасовски рече дека ќе се разговара и за изборот на нов лидер на партијата откако ќе бидат разгледани претходните заклучоци.

– Ние утре имаме седница на Извршниот и на Централен одбор и ќе разговараме за ова прашње. Да направиме се да се стабилизира парламент мнозинство. На државата не и се потребни турбуленции и побаравме претседателот на некој начин да ја стави во мирување оставката. Сега ќе видиме што е постигнато, што да се преземе во наредниот период. Ако се одлучи во партиските органи избор на нов лидер, тоа ќе се организира во наредниот период, вели Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button