Спасовски: Одблизу ја следиме состојбата во Косово

Безбедносните служби со голема будност и одблизу ја следат состојбата на северот на Косово, собираат информации и вршат редовни анализи, вели првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за белградскиот весник „Политика“.
Неговата изјава доаѓа откако викендов вооружена група ја нападна косовската полиција на северот на Косово, смртно ранувајќи еден полицаец. Убиени се и намалку тројца од напаѓачите.
Засега, вели Спасовски, безбедносната ситуација во С Македонија е под контрола и нема директни последици што би претставувале закана за земјата.
„Граѓаните можат да бидат мирни. Убеден сум дека нашите стратешки партнери, ЕУ и САД, нема да дозволат црни сценарија и ќе извршат силен притисок работите да се вратат во нормала“, изјави Спасовски за „Политика“.