ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спиро Ристовски неосновано бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права пресуди дека ексминистерот Спиро Ристовски, обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, бил неосновано држен во притвор.

Со тоа државата ќе мора на Ристовски да му плати отштета од 750 евра и 1.500 евра судски трошоци.

Европскиот суд во пресудата вели дека немало конкретен доказ дека Ристовски може да побегне.

„Судовите не покажаа постоење на ниту еден конкретен факт во прилог на нивните заклучоци дека постоел ризик од бегство“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Се наведува дека од 30 јули 2019 година до 21 август 2020 година на Спиро Ристовски 14 пати му бил продолжен куќниот притвор поради ризикот од негово бегство.

Целата содржина на пресудата може да ја видите ТУКА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button