Македонскиот прволигаш Шкендија закажа шест пријателски натпревари во текот на подготовките. Тимот на Јетон Беќири главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Анталија каде што ќе престојува од 27 јануари до 10 февруари.
Шкендија во турскиот туристички центар че игра против Динамо Батуми (Грузија), Варта Познањ (Полска), Лиепаја (Летонија) и Динамо Киев (Украина).
Пред заминувањето во Анталија, Шкендија ќе има два теста, против Арсими на 20. јануари и против Скопје на 25. јануари.