СПОРТ

Спонзорство вредно 10.000 евра од Видеолотарија касинос Австрија за скијачкиот клубот Меденица

Видеолотарија Касинос Австрија продолжи да го помага македонскиот спорт и да дава свој скромен придонес во неговите развој и афирмација. Нов чекор кон нови врвни резултати е нашето спонзорство за скијачкиот клуб Меденица во вредност од 10.000 евра.

Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на еден од нашите најталентирани скијачи, Мирко Лазарески. Роден во 2003 година, тој веќе е најдобар македонски скијач во својата возрасна категорија, а минатата сезона заврши на седмо место меѓу јуниорите од поширокиот Балкан.

И среде летните горештини, Мирко веќе ги почна подготовките за новата сезона во алпско скијање и ја заврши првата фаза од нив, базичните подготовки на снег, на глечерот Хинтерус во Австрија. Средствата од спонзорството на Видеолотарија Касинос Австрија ќе бидат искористени за набавување квалитетна опрема и за помагање на неговото учество на 35 меѓународни натпреварувања во новата сезона.

„Со средствата од ова спонзорство, конечно Мирко ќе може да ги реализира целите кои ги имаме поставено и да се насочи кон уште поголем меѓународен успех“, изјави Бранислав Лазарески, претседател на скијачкиот клуб Меденица.

Убедени сме дека овие средства ќе завршат на вистинско место и дека ќе се гордееме со резултатите на Мирко и со неговата кариера, која допрва ќе меѓународните граници и ќе допира до ушите на јавноста. Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи да биде пријател на македонскиот спорт и да помага, како врвни спортисти и екипи (како македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, Кире Лазаров, Игор Стефановски, Едина Муса), така и млади таленти, кои допрва треба да блеснат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button