РЕГИОН
Средба Вучиќ – Столтенберг

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак ќе разговара со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.
Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску на Твитер потврди дека Столтенберг денеска ќе се сретне со Вучиќ и најави заеднички изјави за попладнево.
Средбата ја иницираше Вучиќ минатата недела за, како што најави тој, да му пренесе на Столтенберг сè за случувањата во Косово. Дополнително, Вучиќ рече дека ќе побара Советот за безбедност на ОН да иницира итни мерки за заштита косовските Срби.