ЕКОНОМИЈА

Средбата помеѓу Битиќи и организаторите на настани без конкретен договор

Средбата помеѓу организаторите на настани и вицепремиерот Фатмир Битиќи заврши без конкретен договор. Засега простестите ќе бидат ставени во мирување, додека не се види ефектот од помошта која треба да ја добијат. Ивент индустијата побара неповратна финансиска помош во вид на грантови за покривање на загубите кои надминаа 60 отсто, но Владата им нуди помош од еден милион евра кој ќе покријат најмалку 40 – тина настани од јавен карактер.

„Ќе видиме дали е постигнат договор и каков договор е постигнат во моментот кога ќе ги видиме резулатите од објавениот јавен повик. Не можеме ништо да кажеме, ниту пак сакаме да обвинуваме или да прејудицираме нешто ниту имаме право ниту сакаме. Што значи ќе почекаме да видиме јавниот повик, ќе почекаме да видиме како тоа се ќе изгледа, ќе почекаме да видиме дали навистина е ова помош за нашата индустрија“, рече Маја Бабиќ – Претседателка на ИВАП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button