ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Српските хеликоптери одлетаа од Македонија, заминаа да ја спасуваат Атина

Во Малешевијата и натаму е најкритично откако денеска се засили шумскиот пожарот во Делчевско, а и натаму гори во реонот на Пехчево и Берово. Пожари има во Прилепско, а гори и во Скопско каде огнот се префрли од велешка страна. Нестабилно е и во Кумановско каде огнот се контолира кај Старо Нагоричане, велат од Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, уверува дека имаме капацитет пожарите се држат под контрола. Вели дека се обидуваат успешно да ги менаџираат ресурсите што им се на располагање, а дејствува и романскиот авион за гасење.

„Освен хеликоптерите кои се лимитирани каде што на помош ни дојдоа српски хеликоптери што денес заминаа и мислам дека заминаа за Атина кадешто ситуацијата е ептен сериозна, останатите ресурси се доволни односно ние имаме доволно противпожарни единици на терен особено ако ги земеме во предвид и единиците коишто дојдоа од страна“, рече Стојанче Ангелов – директор на ЦУК.

„Дури и онаа застарена опрема или некои застарени цистерни навистина помогнаа во овој период бидејќи, можеби се стари, но носат голема количина вода и помагаат да се изгасат пожарите“, додаде Ангелов.

Премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во Малешевијата, најави дека државата ќе ги надомести штетите на граѓаните предизвикани од пожарите и дека следува обнова на шумите.

„Истовремено, постојат сериозни експертски анализи и планови за возобновување на тоа што е изгубено, а тоа се шумите. Се знае во кој предел какво дрво вирее, какво дрво се препорачува да биде засадено. Оваа есен навистина, веројатно, ќе биде есен на голема сеидба на дрвја“, реле Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави оти е информиран дека состојбата со пожарите во земјава е ставена под контрола.

„Уште еднаш да се заблагодарам на пожарникарите, на Армијата, на доброволците коишто навистина, посебно во делот на Малешевијата и Пијанец, покажаа исклучителна организираност, пожртвуваност, опременост, екипираност и знаење како да се справат со една ваква, би рекол, епски страшна огнена стихија којашто го зафати тој дел од Македонија“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, кочанските пожарникари спречиле два обиди за подметнување пожари на отворен простор успевајќи да го изгаснат огнот.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button