ССМ: „Бетон АД Скопје“ пред стечај – вработените четири месеци не зеле плата, а сметката е блокирана

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање стечајна постапка односно за престанок на работодавачот откако во период од девет месеци ги искористиле сите правни механизми за да ги добијат заостанатите плати и компанијата да продолжи да работи. Компанијата четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е затворена односно блокирана повеќе од 45 дена. شراء يانصيب اون لاين
Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, на прес-конференција рече дека вработените што ги застапува ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и не се повлекуваат, како што рече, од намерата компанијата да оди во стечај и, покрај заостанатите плати, од стечајната маса ќе побараат и исплата на заостанатите регреси за годишен одмор за 2021 и 2022 година.
„Синдикатот за градежништво и работниците повеќепати пријавуваа во Државниот инспекторат за труд за незаконско работење на работодавачот, но покрај законските задолженија да исплаќа плата тоа не го стори и вработените веќе четврти месец немаат земено плата. Сметаме дека овие законски загарантирани права на вработените ќе успееме да ги наплатиме барем на суд“, рече Пешевски. موقع مراهنات كرة قدم