ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ: Го дигитализираме синдикалното движење и синдикалните услуги

Сојузот на синдикатите на Македонија во наредните 15 месеци ќе биде дел од активностите кои ги спроведува Меѓународната конфедерација на синдикати – ETUC на тема „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“.

-ССМ се залага во процесот на дигитализација да не се намалуваат и кршат работничките и социјалните права на работниците, а ќе работиме да обезбедиме поголема ефикасност и ќе обезбедиме.

Сојузот на синдикати на Македонија ќе работи заедно со професионален тим за развој и подобрување на софтверската алатка ССМ – моите работнички права и кој ќе направи концептуално софтверско решение за поврзување на сите нови и постоечки дигитални услуги што ги нуди ССМ, а ќе работиме на нови модерни електронски алатки преку кои младите работници ќе се стекнат со повеќе знаење за нивните права од работен однос, информираат од Сојузот на Синдикати.

Потенцираат дека синдикалните услуги ќе бидат подостапни како преку традиционалните начини на комуникација, така и преку дигитализирање на услугите преку воведување на револуционерни решенија за побрзо и поефикасно обезбедување на правната запштита која им е повеќе од потребна на работниците.

-Сојузот на синдикати на Македонија ќе работи заедно со професионален тим за развој и подобрување на софтверската алатка ССМ – моите работнички права и кој ќе направи концептуално софтверско решение за поврзување на сите нови и постоечки дигитални услуги што ги нуди ССМ, а ќе работиме на нови модерни електронски алатки преку кои младите работници ќе се стекнат со повеќе знаење за нивните права од работен однос, заклучуваат од ССМ.

Активноста е поддржана од Европската конфедерација на синдикати – ETUC и Европската унија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button