Стабилизацијата на цените зависи од војната во Украина

Се додека трае војната во Украина целосна стабилизација на цените не може да се очекува велат производителите на храна, но сепак додаваат дека нагло и дрстаично зголемување на цените не треба да се очекува. Во првите три месеци од годинава завршните сметки на дел од компаниите бележат загуби, поради високите цени на енергенсите но и на суровините кои ги купуваат на светските берзи. Секој производител креира цена на производот во зависност од трошоците велат од агро бизнис комората при ССК.
„Производителите се соочуваат со тешки услови на работење, суровините кои се користат во самото производство се многу покачени, говорам за пченицата и за енергенсите и за работната рака со последното покачување на платите. Секоја компанија врз основа на внатрешните интерни анализи утврдува кои се трошоците на таа компанија и ја утврдува финалната цена на производите. Генерално нема покачување на цените на основните производи, но сепак би оставил простор и време како во иднина ќе се движат како ќе се движат цените на суровините на берзите“, изјави Горан Ѓорѓиевски е нов претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори
Цените на храната во земјава според Државниот завод за статистика бележат зголемување во најголем дел кај овошјето и зеленчукот, млекото и маслото, јајцата како и лебот. Во зависност од трговецот каде се пазари во моментов цените се движат:
Моментални цени
МЛЕКО 3,2 – од 52 до 62 денари литар
ОРИЗ – од 53 до 62 денари килограм
БРАШНО – од 31 до 44 денари килограм
МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ – од 125 до 162 денари литар
ЈАЈЦА – од 259 до 272 денари
Светската организација за храна за прв пат по една година забележа благ пат на цените на храната во април по скромниот пад на цените на растителните масла и житарките. Најголем раст на светските берзи се случува со житните прозиводи, од самиот почеток на војната. Украина е четврти најголем извозник на пченка и шести извозник на пченица во светот. Во моментов околу 25 милиони тони житарки се заглавени на украинските пристаништа и не можат да бидат извезени, поради што на глобално ниво се нарушуваат синџирите на исхрана. /Алсат.мк
Андреа Чобанова