Станот во населбата Џон Кенеди во Скопје долго време служел како работилница за фалсификување на пари, главно евра
Станот во населбата Џон Кенеди во Скопје долго време служел како работилница за фалсификување на пари, главно евра

Ова е влезот на зградата, каде што се наоѓа станот, кој со години служел како работилница за фалсификување на пари. Полицијата извршила рација на ова место, каде што пронашла значителна сума на пари, како и машини кои биле користени за фалсификување.
Според обвинителството, станот кој се наоѓа во населбата Џон Кенеди, бил користен од првиот осомничен, кој заедно со неговиот син обработувале фалсификувани пари. Таткото и синот се уапсени за време на акцијата под името “Вардар”, и се меѓу шесте лица кои веќе се во притвор. Алсат разговараше со соседите кои велат дека до полициската акција не забележале ништо сомнително што се случува во нивната зграда.
Граѓанин: Немавме поим за тоа, само кога ја видовме полицијата и зедоа една кола мислам, тука во оваа зграда.
– Знаете ли на кој кат?
– Не знам, на втори мислам, или некој друг кат.
– Дали знаевте однапред дека нешто такво се случува?
Не, ова е чудно, толку многу го следеле да прават други работи, а ние не знаеме што се случува”.
“Не, не знаевме, видов на телевизија дека правеле лажни пари од Велес, Скопје, вестите што кажаа, друго не знам”, рече еден граѓанин.
” Не, не, не сум чул такви работи”, рече еден граѓанин.
За време на акцијата во Македонија, 10 лица се уапсени, додека 6 од нив се во притвор. Шест лица биле уапсени во Србија, но властите велат дека истрагата ќе се прошири. Во текот на акцијата биле пронајдени и запленети пари во износ од околу 1 милион евра. Освен парите, пронајдена е опрема и предмети коишто служат за фалсификување пари, оружје и други предмети кои ќе бидат предмет на експертиза./Алсат.мк
Ајнур Бафтјари