КОШАРКАСПОРТ

Стеф Кари и Дрејмонд Грин ќе играат во ист тим со Џими Батлер

Уште еден голем трејд ги размести улогите на фаворит во НБА лигата. По заминувањето на Дончиќ од Далас и на Дејвис од Лос Анџелес Лејкерс, уште еднс голема ѕвезда го смени клубот.

Поранешниот НБА-шампион Голден Стејт пак формира големо шампионско трио. Стеф Кари и Дрејмонд Грин ќе играат во ист тим со Џими Батлер.

Кошаркарот на Мајами беше суспендиран поради неадекватните изјави кои ги даваше во јавноста.

Батлер по секоја цена сакаше да си замине од Мајами и во замена за Ендрју Вигинс, Пи Џеј Такер и пикот од првата рунда на драфтот, замина во Голден Стејт.

Со Батлер во своите редови Голден Стејт сигурно ќе има шампионски амбиции уште сезонава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button