ВЕСТИРЕГИОН

Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини

Во периодот од 1 часот по полноќ, заклучно со 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени, согласно достапните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а се по синоќешниот од 5,2 степени, што воедно беше и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите денови.

Доколку се направи анализа на официјалните податоци, од овие 22 земјотреси, 15 биле регистрирани во период од нешто повеќе од еден час, односно меѓу 4.24 и 5.36 часот утрово, а седум од земјотресите биле регистрирани за половина час.

Во однос на синоќешниот земјотрес од 5,2 степени регистриран кусо по 21 часот, грчките сеизмолози се претпазливи во прогнозите дали станува збор за главниот земјотрес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button