РЕГИОН

Стејт департмент: Блинкен телефонски разговарал со Вучиќ и Курти

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера телефонски разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, при што ја истакна поддршката на САД за дијалогот предводен од ЕУ и им се заблагодари на двајцата за поддршката на Украина, објави Стејт департментот. Државниот секретар и честиташе на Србија за отворањето на новата српска амбасада во Вашингтон, се вели во соопштението. Од кабинетот на српскиот претседател претходно беше соопштено дека трите клучни теми на телефонскиот разговор биле прашањето за Косово и Метохија и желбата на американската администрација да се постигне решение што е можно поскоро, а потоа и односот на Србија кон Руската Федерација, како и диверзификацијата на изворите на енергија.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button