ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година

Северна Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди, зајакнување на капацитетите за истрага и гонење кривични дела поврзани со тероризам, како и размена на информации за спречување на радикализација на насилството и напредок во реинтеграцијата на повратници од воените зони, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот.

– Владата во мај усвои национални стратегии за контратероризам и спротивставување на насилниот екстремизам со соодветни акциски планови кои се фокусираат на превенција на онлајн радикализација кон насилство, „десничарски екстремизам“, реинтеграција, потреба од специјализирани обуки за полицајци и социјални работници, и ажурирани стратешки приоритети, вклучително и воспоставување база на податоци за повратници. Северна Македонија соработуваше со напорите на САД за контратероризам, вклучително и рана детекција, се вели во извештајот.

Стратегијата, како што се поосчува, беше финализирана со поддршка од експерти на Европската комисија.

Се наведува дека главните терористички закани во земјава се главно поврзани со „претходно репатрирани странски терористички борци од Сирија и Ирак, како и со домашен екстремистички тероризам“.

Во 2023 година во земјава не биле пријавени терористички инциденти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button