Враќањето на албанскиот го иритира Стоилковиќ
Веста на телевизија Алсат за враќањето на албанскиот јазик во Министерството за односи со заедниците го иритираше вицепремиерот и министер Иван Стоилковиќ, кој раководи со Министерството одговорно за спроведување на Охридскиот договор.
Сотилковиќ во статус на Фејсбук дава коментари и толкувања за известувањето на Алсат, дури и дотаму што вели дека самата телевизија го создала проблемот.
„Интересно! Самите создаваат демек големи проблеми, самите ги решаваат. Наводно извршиле притисок и се многу моќни. Реалноста е дека единствената разлика е што веб-страницата на Министерството за односи меѓу заедниците од еднојазична, албански, стана повеќејазична и се застапени сите национални заедници во Македонија, што може да се провери на многу едноставен начин. За ваква промена е потребно време, развој на новата веб-страница, ангажман на преведувачи, во нашиот случај тоа успеавме да го направиме на доброволна основа. Инаку, мора да се признае дека тие се мајстори за создавање на паралелна реалност, која навистина нема ништо заедничко, ниту со вистината, ниту со реалноста“, пишува Стоилковиќ.
Статусот на Стоилковиќ во ниту еден момент не го побива она што го објави Алсат, поточно „исчезнувањето“ на албанскиот јазик од веб-страницата, туку е чист коментар и напад на медиумите, од позиција на вицепремиер.
Всушност, вистината е дека Иван Стоилковиќ пет месеци ја одржуваше веб-страницата на Министерството само на македонски јазик, а дури по вонреден надзор на Инспекторатот за јазици, по пријавата од Алсат, ја пушти во употреба албанската верзија. А, тоа стои и во известувањето на Инспекторатот.
Стоилковиќ вели дека веб-страницата е направена од еден јазик на многу јазици. Ова, исто така, всушност не е точно. Веб-страницата на Министерството за заедници претходно беше на македонски, албански и англиски јазик. Стоилковиќ додаде верзии на турски, влашки, босански и ромски јазик, но засега тие се појавуваат само како категории и не се функционални. Во меѓувреме, верзијата на англиски јазик последен пат беше ажурирана на 22 ноември.
Стоилковиќ вели дека обработката на новата веб-страница, ангажирањето на преведувачите се врши доброволно. Но, за потсетување дека прашањето за спроведување на Законот не е на доброволна основа, употребата на албанскиот јазик е законска обврска.
На пристапот на Стоилковиќ, преку кој сака да го стави Алсат во погрешно светло, ние одговараме само со нашата професионална работа, следејќи и водејќи сметка за почитувањето на законите кои се важни за граѓаните. Дотолку повеќе што тој е таму каде што е, токму поради оваа причина.
Суад Бајрами