ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стигна германскиот извештај за пожарот во болницата во Тетово

Од Бундескриминалот до германската амбасада во Скопје, па до МВР и до крајната дистанца – Јавното обвинителство. Ова е патот на извештајот на германските експерти во кој тие ги наведоа нивните согледувања за тоа како настанал пожарот во ковид модуларната болница во Тетово. Извештајот пристигнал во петокот, а денеска е даден на судски преведувач.

„…Откако ќе биде преведен, наодите ќе бидат детално анализирани во корелација со другите прибрани докази во предметот, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, рекоа од Обвинителството.

Според инфомации на Алсат извештајот има само седум страници, но преводот нема да биде готов за еден ден. Поради стручната терминологија на форензичарите, може да трае до три дена. Потоа, петте јавни обвинители кои работат на предистрагата, сите докази ќе ги презентираат пред посебна комисија во Обвинителството. Станува збор за дополнителни четворица обвинители од Вишо обвинителство. Дали ќе се отвори истражна постапка за пожарот, ќе решат сите деветмина.

Досега, извештајот на крим – техника на МВР покажа дека пожарот евентуално настанал од прегреан продолжен кабел. Во пожарот ноќта на 8 септември загинаа 14 лица, од кои 12 беа хоспитализирани пациенти со ковид.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button