МАКЕДОНИЈА

Стојановски: Пресудата за Мијалков значаен чекор во одзаробувањето на државата

Значаен чекор по патеката којашто мора да ја изоди нашето општество, вака Александар Стојановски, од Центарот за европски стратегии, „Евротинк“, ја оценува денешната пресуда за екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков. Во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Стојановски вели дека сепак, ова не е последната фаза и оти треба да се види во каква форма ќе стане правосилна пресудата.

„Ова е еден многу значаен чекор по онаа патека којашто нашето општество мора да ја изоди за да се одзароби општеството. Не е ова последната фаза на одзаробувањето, престојат уште значајни чекори во таа насока. Ќе мора да почекаме да видиме во каква форма ќе стане правосилна пресудата и како ќе се одвива отслужувањето на казната“, вели Стојановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button