ВЕСТИРЕГИОН

Столтенберг: Формирањето на Заедницата на српски општини во Косово може да претставува чекор напред кон решение

– Формирањето на Заедницата на српски општини во Косово би можело да претставува чекор напред во обидите за изнаоѓање решение, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел.

Тој посочи дека изминативе неколку месеци видовме сериозни насилни инциденти во Косово, како нападот врз мировниците на НАТО, при што беа повредени 93 војници, а потоа и инцидентот во Бањска во кои имаше и загинати.

– Ова се сериозни предизвици со кои се соочуваме во Косово и важно е сите страни да работат на деескалација, преку намалување на тензиите и на подбуцнувачката реторика, што може да ги зголеми тензиите.

Тоа беше мојата порака при неодамнешните средби во Приштина и Белград, истакна Столтенберг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button