Столтенберг во дводневна посета на земјава

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг попладнево пристигна во Скопје. Тој најпрвин ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, по што е предвидена заедничка прес-конференција. Првиот човек на Алијансата потоа ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, по што заминува на билатерална средба со претседателот Стево Пендаровски. Столтенберг во земјава ќе присуствува и утре. Тој и премиерот Ковачевски ќе бидат домаќини на средба на премиери и претседатели на земји-членки на НАТО од регионот. Поканети се албанскиот премиер Еди Рама, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, како и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. Поради здравствени причини, присуството го откажал словенечкиот премиер Роберт Голоб. По посетата на Босна и Херцеговина, Косово и Србија, утре во Македонија завршува мини-балканската турнеја на генералниот секретар на НАТО.