ЕКОНОМИЈА

Стопанска банка ќе си гради сосема нова зграда

Стопанска банка ќе гради сосема нов објект, кој ќе нуди највисоки стандарди за своите клиенти и за животната средина. Новиот објект ќе биде референтна точка за градот и ќе има подобри услови за вработените. Како што соопштија од банката, новото седиште ќе послужи и како симбол за уште поголема улога за економскиот раст, учествувајќи во големи развојни проекти и поддржувајќи ги домаќинствата и компаниите.

„Новиот објект исто така симболизира и нова ера за банката, нова ера за нашата банка за нашата Групација и остава силна порака дека ние сме тука за да останеме долго за просперитетот на земјата. Амбициозни да останеме на врвот на ранг-листата и во исто време важен дел од групацијата НБГ. Се надевам дека за две години повторно ќе се сретнеме за инаугурација на објектот”, рече Диомедис Николетопулос- извршен директор „Стопанска банка“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button