МАКЕДОНИЈА

БЕСА бара оставка од министерот за здравство, Сали

Движењето БЕСА бара надлежните органи да ги забрзаат истрагите за злоупотребите во здравството, а истовремено бараат оставка од министерот Беким Сали. Според оваа партија, бројните злоупотреби, сомнителни тендери и бегството на најдобрите професионалци од државата докажуваат дека состојбата во здравството секој ден се влошува. Разрешување на министерот Сали побараа и група од 11 лица од партијата Алтернатива пред неколку дена, за кои Сали рече дека тоа се само поединци кои никогаш не поднеле претставки или незадоволство од неговата работа до партиските органи.

„Бараме надлежните органи сериозно да ја сфатат ситуацијата и да ги забрзаат истрагите за злоупотребите на директорите на клиниките, бараме и министерот за здравство Беким Сали да ја прифати неговата неспособност, да раководи со оваа важна институција и да си поднесе оставка, доколку не сака да го преземе целокупниот неуспех во здравството, особено во последниот период“, рече Валон Бела, Движење БЕСА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button